Трговската комора на Македонија е против промената на актуелниот Закон за регулирање на работата на тезгаџиите. Претседателот на трговската комора, Екрем Долек вели дека Стопанската комора заедно со организаторите на пазарите се против Законот за трговци, кои, според него, се за економија на црно.
Тој вели дека Стопанската комора е против постоењето на било какво законско решение и дека бараа тезгаџиите да работат на црно.
„Во моментот кога ние почнавме да ги делиме лиценците, гласот го кренаа организаторите на пазарите, управувани од стопанската комора на РСМ, во Скопје, а законот апсолутно нема никаква заедничка точка со нивната дејност, туку е донесен за тезгаџиите. Работата на организаторите на пазарите е регулирана со други закони и тие се правни субјекти и тие се против и велат ние не сакаме закон сакаме економија во црно“, рече Екрем Долек, претседател на Трговската комора.
Од Стопанска комора велат дека работата на зелените пазари во моментот е регулирана со 11 закони и дека истата ја контролираат 4-5 државни служби. Додадоа дека не се против законско решение.
Една лиценца за тезга на зелените пазари, на годишно ниво чини 60 евра. Трговската комора на Македонија има околу 15 илјади членови – трговци. Порано трговците беа против овој закон и протестираа против новиот закон за лиценци. Неколку трговци протестираа пред Собрание а други во зелениот пазар – Бит Пазар.