Ноќеска се случија земјотреси со епицентри во Албанија и во Косово, а истите беа почувствувани и во нашата земја, во северниот и во југозападниот дел од Македонија.
Тој во Албанија се случил во југоисточниот дел на нашиот западен сосед и бил со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала. Оној во Косово се случил во близина на границата со Македонија, и бил со јачина од 3.1 степен.