Во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), се одржа промоција на првиот патент од областа на општествени науки во Република Северна Македонија – Vox Organizationis и презентација на моделот за мерење организациска култура, лидерски стил и организациска усогласеност.
Vox Organizationis претставува посебен придонес кон науката за менаџментот и поттикнува нови дефиници на лидерство, организациска култура и организациска усогласеност.
Овој модел е резултат на долготрајна научна работа. Покрај професор Марјан И. Бојаџиев како носител на моделот, во тимот се вклучени и професорките Ана Томовска Мисоска и Миодрага Стефановска Петковска. Досега се објавени повеќе од 20 научни и стручни трудови, од кои првиот труд е објавен во 2011 година, а круна на истражувачката работа на тимот е добивањето Патент за Vox Organizationis.
Промоцијата беше отворена за јавноста и присутните имаа можност да бидат дел од пробното мерење на VOX инструментот на самиот настан.