Македонија

Герила акција при прославата на денот на Битола – „Умре од рак звучи битолски“

Првиот човек на општина Битола, Наташа Петровска, пратеникот Александар Кирацовски, вицепремиерката Радмила Шекеринска синоќа во Битола беа пречекани со герил акција.

Група на граѓани меѓу кои и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, под слоганот „Умре од рак звучи битолски“ го искажаа својот револт притив алармантните податоци кои ги покажуваат мерните станици во земјава.

Воздухот на политичарите им пречи само кога се во опозиција. Пред 5 години на сличен начин се појавија и членовите од СДСМ. 

„Итно да се побара од Мин. За животна средина да се изврши поправка, сервисирање во функција на мерните станици Битола 1 и 2“, рече на 20.12.2013 година Васко Ковачевски.

Ова барање кое тогаш го упати опзициската партија, може да се користи и денеска. Бидејќи државните мерни станици не работат.

Ниту овие, ниту актуелните апели не им помогнаа на битолчани да се спасат од загадениот воздух. Локалната самоуправа во 2014 година предводена од Владимир Талески рече дека нема ингеренции врз божјите сили и ја обвини опозицијата.

„Тие од политичка партија се претворија во една инспекција која што деноноќно ја дува маглата од Битола, заборавајќи дека локалната самоуправа нема големи надлежности врз божјите сили“, изјави тогашниот градоначалник Талески.

Четири години подоцна, локалната самоуправа предводена од Наташа Петровска вели дека магично стапче не може да се направи за да се исчисти воздухот.

„Јас и во кампањата тоа го кажував, снимките може да го потврдат тоа дека магично стапче да го решите проблемот кој што е со години создаван апсолутно не можете да направите“, рече пред две години Наташа Петровска.

Актерите се исти, политичари. Но овој пат само ги заменија улогите. Секојдневно во Битола се организираат разни настани за тоа како да се намали аерозагадувањето. Експертите за заштита на животната средина велат дека само со поливалентен пристап и преземање повеќе комплексни мерки, може да се реши аерозагадувањето на Битола, а за тоа покрај знаење и пари, потребна е и голема волја. Додека се реши тоа, бројот на малигни заболувања рапидно расте. За пет години бројот на во Битола е зголемен за 22%, а најмладите пациенти се деца до две години.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни