За две години дадени се десетици ветувања за гасификација на Гинекологија Чаир „Мајка Тереза“. Оваа болница каде се раѓаат околу 4000 новороденчиња годишно, се уште се грее на мазут, гориво во голема мера го загадува воздухот.
Министерот за здравство, речиси при секое обраќање спомнуваше датум кога ќе се објави тендерот.
Пред неколку дена, министерот Филипче рече дека договорот е потпишан и дека треба да започнат градежните работи.
Денес побаравме одговор од Министерството за здравство. Но, од таму писмено ни одговорија дека договорот треба да се потпише и да започнат градежните активности.
„Се очекува потпишување на договорот, по што ќе почнат и градежните активности. Името на компанијата е „Енерго Систем“ и проценетата вредност е 14.757.383 милиони денари“, велат од Министерството за здравство.
Токму користењето на мазутот беше причина Алијанса за Албанците да одржи прес конференција пред гинекологија во Чаир. Беким Татеши изјави дека Владата не е во состојба да им помогне на болниците, а зборуваат за големи проекти против загадувањето како што е трамвајот.
„Иако министерот ја штитеше болницата, тој не ги заштити граѓаните, бидејќи неговите ветувања излегоа дека се само манипулација за дневна политика. Врз основа на Електронскиот Систем за Јавни Набавки, склучен е договор, каде предмет на договорот е повторно Мазутот. За на мазутот потрошени се 50 000 евра, додека проектот за замена на системот за греење е во вредност од 150 000 евра, вредност што продолжува да стои на хартија од 2017 година“, рече Татеши.
Котлите на гинеколошка болница во Чаир, се постари од 50 години. Тие нема да се сменат туку ќе се прилагодуваат да работат на гас, велат за ТВ21 од Гинекологија Чаир. Ниту тие не знаат кога точно ќе почнат градежните активности.