Пописот на населението дефинитивно се одолжува за во 2021 година и нема да се спроведе во април 2020 година, како што беше планирано. Според директорот на Државниот завод за статистика, соопшти директорот, Апостол Симовски тоа значи дека земјата уште една година нема да има податоци за пописот на населението.
Активистката, Ана Чупевска рече дека треба да се остави настрана впечатокот дека според процентот на заедниците треба да бидат и човековите права.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја реализираше оваа дебата со сите заедници во земјата. Од таму велат дека со пописот на населението ќе се знае точната бројка на младите кои се иселуваат од земјата.
Досега Државниот завод за статистика го подготви методот со кој ќе се спроведе пописот, а нарачале и компјутери. Се уште не се знае дали ќе се издвојат пари од новиот Буџет за 2020 година. За попис на населението ќе бидат потребни 3.5 милиони евра.