Македонија

Заев сака една изборна единица – Алијанса бара 8, Беса отворени листи

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се против промена на изборниот модел за изборите на 12 април. Премиерот Заев не е сигурен дали ги има потребните бројки за промена на изборниот модел, меѓутоа останува на ставот дека тоа треба да се случи, а ако не сега, како што рече тој, тоа може да се случи во иднина.

На поддршка на Премиерот излезе и Бошњачкиот демократски сојуз.

Против оваа одлука се Алијанса за Албанците. Велат дека тие се ЗА измена на изборниот модел но не и за една изборна единица. Пратеникот Сирија Рашиди, рече дека оваа е авантура на СДСМ со помалите политички партии без да постои политички сојуз.

Од ДПА велат дека се за отворени листи, а за моделот, според нив, треба да постои консензус меѓу политичките партии.

И Движење Беса е „ЗА“ промена на Изборниот законик. Од оваа партија велат дека приоритет е воведувањето на отворените листи бидејќи, како што велат, тоа претставува чекор кон демократизацијата и зголемувањето на квалитетот на народните избраници.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни