Во Охрид започна работниот дел од состанокот на лидерите на ЗападенБалкан, на кој претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев,Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја презентираат вчера утврдената декларација со листа на приоритетии мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување назаедничката цел, членство во ЕУ, пред Претседавачот на Советот на министрина Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на ЦрнаГора Драгица Секулиќ.
На денешната програма на состанокот на лидерите на земјите од ЗападенБалкан се наоѓа и пленарна сесија со претставници на Европската Унија, на Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка заобнова и развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе се одржи изаедничка прес- конференција.
