Македонија

Заев: Оваа иницијатива ќе донесе еден нов, поинаков Балкан

После состанокот во Охрид за т.н. „мал Шенген“, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, рече дека состанокот бил од големо значење, и оваа иницијатива ќе донесе еден нов, модерен Балкан.

„Отворивме иницијатива кој ќе создаде поинаков Балкан од оној кој го знаеме. Србија, Албанија и Северна Македонија ги повикуваат и другите земји да направиме што повеќе од она што го правиме во берлинскиот процес. Се со цел да имаме поголема пропустливост на границите, проток на капитал, роба. Се што правиме, е дополнителна вредност кон европските институции“, рече Заев.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни