Македонија

Внимателно со „Малиот шенген“ – СКСЗМ: Не треба да и се наштети на економијата на земјава

„Малиот шенген“ треба да ги опфати сите земји од Западен Балкан, но треба да се внимава да не и се наштети на економијата на државите, смета извршниот директор на Стопанска комора на северозападна Македонија, Дриљон Исени.

„Секој договор треба да ја има предвид домашната економија да не и се наштети на некој начин, во смисла на производството, индустриите во кои сме најсилни, да не им се наштети со овој договор и да се случи некоја држава да заработи повеќе поради други околности“, изјави Дриљон Исени – извршен директор на СКСЗМ.

Исени не претпочита да зборува за државите кои можат да заработат повеќе од некоја друга држава преку Балканскиот Шенген, процес што го гледа како потенцијална можност за надминување на неколку проблеми кои во последно време се пријавени со договорот на ЦЕФТА.

„Тие проблеми што ние ги идентификувавме со ЦЕФТА, да не се повторат во иднина и сметаме дека со нова струја може да се надминат. Како што знаеме, проблемите во минатото беа главно политички одлуки кои влијаеја негативно врз економијата“, изјави Дриљон Исени – извршен директор на СКСЗМ.

Освен тоа, СКСЗМ смета дека Малиот Шенген не треба да го замени евро-атлантскиот пат на Северна Македонија.

Овој процес може да донесе нов менталитет и покачување на конкуренцијата на домашните компании кои ќе дејствуваат на регионалните пазари, вели Исени, давајќи и важност на подобрата инфраструктура, бидејќи колку и да се скратат административните процедури, доколку патиштата не се добри, ефектите може и да не се постигнат, вели тој.

ТВ21 побара став и од Стопанската комора на Македонија, но никој од таму не беше во состојба да зборува за Малиот Шенген.

Северна Македонија, Албанија и Србија се иницијатори на таканаречениот Шенген на Западен Балкан, преку кого се стреми кон полесно движење на луѓе и размена на стоки.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни