Македонија

Град Скопје: Нови содржини за деца и родители во Чаир

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска присуствуваа на промоцијата на новата детска едукативна инсталација  со наслов „Приказна за Јованче и Марика, барајќи го патот до домот ја наоѓаат чоколадната куќичка“ во парк во Топанско поле, општина Чаир.

„Посебно се радувам што оваа едукативна просторна инсталација се наоѓа во овој парк во Чаир. На тој начин, Град Скопје го оправдува својот став за потребата од дисперзија на културата од центарот кон периферијата и достапноста на културата до секој. Главната цел на овој проект беше преку облагородување на јавниот простор и збогатување на културните содржини на градот (посебно надвор од центарот на градот), да се поттикне детската фантазија и игра и да се влијае врз развивањето на детската креативност. Тоа подразбира зголемување на еколошката свест и култура, однос спрема јавните добра и јавните површини, култура на однесување во јавниот простор, почитување на културните различности и различните социјални, естетски и културни потреби на сограѓаните – истакна Шилегов.

Тој додаде дека Чаир е општина со најголема густина на население, најмалку неискористени простори, општина која од претходните власти добивала најмалку внимание.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни