Продолжуваат рокадите на вработените во МВР.
По вчерашното известување дека на граничниот премин Блаце, по партиска директива е сменет шефот на смена, други извори на ТВ21, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека истото се случило и денеска на граничниот премин Табановце.
Конкретно, кадар на ДУИ е сменет со кадар на СДСМ. Причините не се јасни, едноставно, партиски врски, објаснува изворот на ТВ21 за рокадата направена на Табановце.
И за овој случај, ТВ21 ги има имињата на вработените но ќе го заштити нивниот идентитет.
Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу ниту денеска не сакаше да говори пред нашата камера.
Меѓутоа на неговиот Фејсбук профил, пуштил едно видео на кое ги прикажува бројките за застапеноста на Албанците на граничните премини.
Всушност, за одговорите што ги бараме, што ги побаравме и вчера и официјално преку емаил се уште нема одговор, а истите се однесуваат на смените на вработените на партиска основа, односно ДУИ и СДСМ.
Нашите извори велат дека овие рокади се прават во предизборен период, а се знае дека на 3 јануари земјава ќе добие техничка влада, а на чело на МВР ќе дојде кадар од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така бараме да знаеме со чија наредба се прават смените на вработените на граничните премини и дали овие смени се прават со заеднички договор меѓу министерот Спасовски и замник министерот Нухиу.
Вчера, извор на ТВ21 ни напиша дека “на праг на изборите започнаа несогласувањата меѓу двајцата коалициски партнери ДУИ и СДСМ каде министерот Оливер Спасовски не го зема предвид неговиот заменик Агим Нухиу и кадри на ДУИ се сменети со активисти на СДСМ.
Истиот извор информираше дека на граничниот премин Блаце се прават рокади на вработени, поточно шефот на еден од секторите кој беше на ДУИ, е сменет со активист на СДСМ.