Македонија

Ќе влијае ли „Рекет“ на изборите? Тортевски: Државниот врв му се поклонуваше како на крал

Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ се дискутираше и за аферата „Рекет“ во која првоосомничен е Бојан Јовановски, второосомничена е екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и третоосомничен е Зоран Милевски – Кичеец. Адвокатот Тортевски го постави прашањето како е можно на човек кој изигрувал доверители, кој е со блокирана сметка да му се поклонуваат сите, цел државен врв и да се дружи со него. Без притоа да се запраша некој како преку ноќ станал сопственик на телевизија.

-Како е возможно никој во оваа држава, дури највисоките функционери задолжени за финансиско разузнавање, чија работа им е меѓу другото да откриваат потекло на имот, од каде одеднаш човек кој е задолжен, кој е со блокирани сметки и се декларира како неформалн сопственик, бидејќи му е блокирана жиро сметката, може да се толерира, тој да има телевизија и на него сите да му стануваат да го пречекуваат како да е крал“, рече Тортевски.

Чомовски за првпат зборуваше за Рекет во Клик Плус, изјавувајќи дека му е потребна лична и професионална детоксикација од тоа кој и како ја раководел ТВ и како е направена спрегата со Катица Јанева.

-Јас бев дел од професијата, а дел од медиумот си беа газдата и стуктурите таму. Но, Рекет во основа има една мала надеж, ако брзо се заврши врз основа на докази и постапки, ако тоа стигне до други личности кои индиректно или директно се поврзани, а се дел од т. н „бели јаки“ на некакво враќање на довербата во судството-рече Чомовски.

Аналитичарот Петар Арсовски изјави дека една од варијаблите која ќе влијае на изборите е разврската на Рекет. Последните направени анкети покажуваат многу мала разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе видиме што ќе се отплетка со Рекет, ќе го видиме ставот на политичките е лити за судството. Ќе видиме дали ќе имаме или нема да имаме НАТО. Ќе видиме дали неуспехот во Брисел со датумот ќе се реперкуира уште еднаш во март, бидејќи наредниот самит е закажан за 26, 27 март. Тие варијабли сериозно ќе влијаат на гласачкото тело-вели Арсовски.

На повидок нова партија на политичката сцена во земјава. Тортевски откри кога ќе биде формирана

-7-ми декември веќе е одреден терминот на основачко Собрание. На 23-ти ќе имаме една отворена седница на Иницијативен одбор, бидејќи и покрај тоа што поголем дел од активностите одат on line и тоа навистина се покажува исправно, тоа е многу добро решение, имаме луѓе од Австралија, од Лондон , од Амстердам со кои разменуваме мислења, од Битола, од Охрид се вклучени во дебатите, но сепак заклучуваме дека живиот контакт ни е неопходен, да се видиме кој е , што е“, вели Тортевски.

Според Адвокатот Тортевски случајот „Траекторија“ на СЈО не е застарен. Застарено е само делото за кое е обвинет Никола Груевски. Тој вели дека има одговорност кај некои луѓе поради застарувањето на делото на Груевски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни