Македонија

МВР потврди за инцидентот во Макстил: Еден на КАРИЛ, другите на домашно лекување

На 16.11.2019 во 07.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил“. Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување. На терен постапува Државен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни