Овие фотографии за состојбата во болницата во Гостивар, кружеа по социјалните мрежи.
Овде е прикажано Детското одделение…
Фотографиите ги сподели и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари..
ТВ21 ја посети болницата, а Педијатрија изгледаше вака…
Директорот на болницата, Јакуп Јакупи, вели дека фотографиите се стари и дека не ја прикажуваат вистинската состојба на болницата. Од врнежите од дожд и снег, покривот е оштетен, но го санирале во март годинава, вели директорот.
Дел од граѓаните се незадоволни од условите на гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад“.
Директорот ветува дека целиот објект ќе биде реновиран.
Директорот на болницата вели дека го реновирале и одделот за Хирургија и дека чекаат донации за да има подобри услови и во одделот за Гинекологија.