Македонија

Се укинуваат сметкопотврдите

Со измените на Законот за ДДВ, се укинуваат сметкопотврдите, документ со кој се оправдуваат трошоците и се користи правото на добивка. Соопштувајќи ја новоста во предлог измените кои треба да се гласаат во Собранието, министерката за финансии,Нина Ангеловска денеска истакна дека до сега се донесени многу олеснителни мерки за подобрување на работата на компаниите,но не и за сметкопотврдитре кои се од времето на СФРЈ. Во многу развиени земји, дури и во регионот, овој документ е укинат и веќе не постои.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни