Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ќе побара од Владата да побара Собранието да спроведе автентично толкување на членот 11-а од Законот за амнестија откако Уставниот суд покрена иницијатива за преиспитување на овој член според кој Претседателот на државата може да ја отповика дадената амнестија. Иницијативата на петмината уставни судии е сосем спротивна и со неа се тврди дека дадената амнестија не може да се отповика.
Министерката Дескоска изјави дека автентично толкување може да побара и било кој пратеник со што би се забрзала постапката.
Инаку ако Уставниот суд ја прифати иницијативата, ќе се активираат амнестиите за 50-тина осомничени, обвинети и сведоци во постапките на СЈО.
Зоран Јаневски