Македонија

Власта бара толкување на член 11 – ВМРО-ДПМНЕ вели тоа е минато, најавуваат и протести

До Собранието  е поднесена иницијатива за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Член кој на претседателот на државата дава можност за самостојна одлука за аболиција без дополнителна комисија.

Ваквата иницијатива на СДСМ, е со цел да го претрка Уставниот суд кој пак има намера да ги врати аболициите на екс-претседателот Ѓорге Иванов.

„Ние не смееме да дозволиме да се донесе таков закон кој ќе значи ослободување на оваа банда од одговорност кон македонските граѓани. СДСМ и коалицијата поднесовме барање за автентично толкување со кое ќе ги зацврстиме напорните да нема амнестија да не може да биде никој амнестиран“, изјави Оливер Спасовски денеска од Радовиш.

Од СДСМ бараат и останатите пратеници да се вклучат во нивната иницијатива. Го повикаа нивниот опонент, Мицкоски да ги повика неговите пратениците да гласаат за барањето, со што велат дека аболицијата на криминалци нема да заживее, а правда ќе има.

Мицкоски од Кочани рече дека се против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на било каков начин.

„Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара.  А, јас ви ветувам, дека после 12-ти април, на 13-ти април преиспитајте се што сте правеле вие господа од СДСМ, нема ниту една аболиција, ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси“, изјави Христијан Мицкоски денеска од Кочани.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи кон иницијативата за дебата во Собранието, денеска не добивме одговор на прес конференцијата на ДПМНЕ, но ТВ21 дознава дека пратениците нема да прифатат дискусија по спортниот член.

„Политичката намера е премногу јасна, одлуката на Уставнииот суд да ја отвори иницијативата е политичка, а не е правна. Јасен е и нарачателот кој што може да стои зад таа одлука, само на политичар кој што е аболициран за тежок криминал може да му текне да ја злоупотреби аболицијата во овој момент. ВМРО-ДПМНЕ  е против амнестии и против аболиции. Доколку Заев продолжи со неогивот план и ги разгневи граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протести“, рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ пак, велат дека застануваат на страната на правната држава. Процесот со автентичното толкување може да се одоговлечи токму во законодавно правната комисја која одлучува по барањето. Таму односот власт опозиција е 6 – 6, поради оставката на Весел Мемеди чие место сè уште не е пополнето. Но и ова не значи ништо бидејќи не се знае како ќе постапи Фадил Зендели од Беса.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни