Македонија

Георгиевски за школото во Идризово – два различни одговори за документацијата

Градоначалникот на Гази Баба со два одговара за училиштето во Идризово. Еднаш за ТВ21 рече дека документите се подготвени, а по неколку секунди рече дека документите се во подготовка. Тој потврди дека има заклучоци од владата која ја одерува динамиката на работа. Претседателот на родителскиот совет, бајрам Бејта вели дека општината има обврска да ја достави документацијата до 30 ноември.

Пред некој ден  за школото зборуваше и Бајрам Бејта, претседател на Родителскиот совет. Според него општина Гази Баба до 30 ноември треба да ја  достави потребната документација до МОН.

Инаку, откако овие 11 ученици изгубија два месеца од наставата, тие на крајот почнаа да одат на училиште. Деветмина од нив одат во ОУ “Кочо Рацин“ во Огњанци со организиран транспорт од општина Гази Баба, а двајца други одат во училиштето во Чаир.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни