Поради пријава на граѓани за непријатна миризба во околината на фабриката МЗТ, дежурните екипи инспекторат на град Скопје веднаш реагирале.
Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување.