Вечерва во населба Карпош се одвива полициска акција во која се уапсени две лица.
Од МВР потврдуваат дека се приведени две лица поврзани со пукањето во Александар Палас.
„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно тактички активности со цел расветлување на настанот во А. Палас. Проведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, истакнуваат од МВР.