Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на ул.„Рузвелтова“, настанал пожар во стан на петтиот кат, сопственост на Ч.Б.(58) од Скопје. Притоа, била зафатена и терасата на шестиот кат.
Пожарот бил локализиран од екипа Противпожарната бригада Скопје. Повредени лица нема, а еден од станарите и еден полициски службеник биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје поради вдишување чад.