Претседателот на Советот на јавни обвинители предупредува дека со процесот на проверка на имотот и интегритетот на судиите и јавните обвинители може да се прекрши Уставот.
Колевски потенцира дека според Уставот јавното обвинителство е самостоен и независен орган и треба да се внимава да не се навлезе во оваа независност.
Според него државните институции како Финансиската полиција и Антикорупциска комисија и во овој момент имаат механизми за проверка на имотот на носителите на судската власт и дека евентуалното постоење на корупција значи дека овие институции не си завршиле работата
Деспина Тодоровска