4NEWS.mk

Градот со 2.1 милион евра ќе ја реконструира „Пластичарска“

„Пластичарска“ ќе се прошири со по уште една сообраќајна лента, ќе се постави канализациона мрежа а рокот на изведба е 6 месеци. 

– „Овде ќе бидат поставени цефки за канализација и водовод што досега ги немаше. Ќе ја прошириме улицата и ќе изградиме велосипедска патека. На средишниот дел ќе биде поставено и зеленило.“ – изјави Шилегов. 

Градоначалникот ги замоли граѓаните да бидат трпеливи додека се реализираат градежните работи.

 

Мирјана Давидовска

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни