Македонија

Мицкоски вети милијарда евра против загадувањето – Макрадули: Може да вети и 200, но треба да ги најде тие пари

Една милијарда евра ќе инвестира Христијан Мицкоски кога ќе дојде на власт, за прочитување на воздухот . Ова го вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Радио слободна Европа, кој рече дека доколку успее да формира Влада по изборите на 12 април, еден од приоритетите ќе биде „борбата“ против аерозагадувањето.

Но ова му одговори заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, кој рече дека Мицкоски се расфрла со милијарда. Тој додаде дека прво треба да ги најде тие пари, а потоа може да инвестира и 200 милијарди доколку сака.

Инаку Макрадули преку прес конференција, се пофали за намалување на нивото на аерозагадувањето во земјата. Тој рече дека во оваа сезона имало најмалку загадување за разлика од претходните години.

Иако еколошките организации велат дека намалувањето на аерозагадувањето е резултат на доброто време и климатските промени, од Влада настојуваат дека тоа е резултат на нивните мерки, каде ги спомнуваат позеленување на просториите, поставувањето на волтаични системи, зголемување на инспекциските контроли итн. Макрадули рече дека за следните мерки кои ќе се преземат на почетокот на 2020 година против аерозагадувањето, се издвоени 100 милиони денари.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни