Откако неколку бизнисмени, во вечерашното издание на „КликПлус“ на ТВ21 се пожалија на односот на градоначалникот на Чучер Сандево, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ќе се заложи да ја испита работата, и ќе ја информира Владата за проблемите.
Џемали Даути рече дека градоначалникот Пејковски се однесува како деспот и ги кочи инвестициите од албанските бизнисмени. Нухи Алиу побара институциите да проверат како се троши буџетот на Чучер Сандево.