Македонија

Во Шутка шокирани од загубата на децата – пожарот им зема сѐ, жителите скептични дека ќе добијат помош од државата

Полицијата ги собира последните елементи кои останаа од вчерашниот пожар за да ги испрати на вештачење. Се верува дека овој шпорет им го одзел животот на двете деца на семејството Алити од Шуто Оризари. Сѐ останато се претвори во пепел. Роднините на жртвите се шокирани и велат дека од вчера пијат лекови за смирување. Само бабата на дечињата, излезе и кажа збор-два пред камера.

Жителите на населбата Брњачка Буна, каде вчера околу 14 часот избувна пожар се шокирани. Велат дека пожарот зафатил 5 куќи и дека ноќта ја поминале во грижи. Немале со што да ги изгаснат пламените јазици, бидејќи имале низок притисок вода, додека Противпожарната единица не можела да се пробие по тесната уличка кон нивната куќа. Освен трите куќи кои биле целосно опожарени, штети претрпеле и неколку околни куќи. Жителите во оваа населба, живеат во тешки услови, без вода и струја. Велат дека за 2 години биле сведоци на 3 пожари. Сите се греат на дрва, а преживуваат од милостина. Опожарена е и куќата на Иса. Тој моли за помош, бидејќи како што вели, пожарот му земал сѐ што имал.

Меѓутоа не веруваат дека некој ќе им излезе пресрет.


Пожарот го зафатил и кровот на куќата на соседот на Иса.


На друг жител пак, му влегува вода во куќата. Уверува дека тоа е поради интервенцијата на пожарникарите.


Вчерашната посета на техничкиот премиер и другите министри во оваа населба, за жителите не претставува никаква утеха. Велат дека ова го прават само бидејќи се ближат изборите.

Од Центарот за социјална помош, велат дека парично ќе им помогнат на сите семејства кои биле погодени од вчерашниот пожар.

И централната, и локалната помош најавија помош за жртвите. Градоначалникот на Шуто Оризари, вети дека во оваа населба ќе се отвори Противпожарна единица, со цел понатаму да се избегнат ваквите катастрофи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни