По меѓусебните обвинуцања меѓу Беса и Алтернатива за тоа кој е, или кој бил дел од ДУИ, лидерот на ДУИ, Али Ахмети на еден граѓански собир во Сарај рече дека сите биле дел од ДУИ. Тој дури ги повика да и се приклучат на неговата партија, која ја нарече “големата мајка“.
По оваа изјава, на Фејсбук следеше коментар на пратеникот од оваа партија, Артан Груби.
На изјавата на Ахмети одговорија и прозваните партии.
АА, Беса и Алтернатива се изјаснија против ДУИ, но не најдоа заеднички јазик за формирање тројна коалиција.