Судијата Огнен Ставрев објави дека ТНТ се враќа од почеток.
Судијката Лилјана Кочковска Ивановска денеска си поднела неотповиклива оставка од здравствени причини. Таа писмено го известила Кривичниот суд дека се повлекува.
Имено, ова е нејзино второ повлекување. Првиот пат поднесе оставка, но беше предомислена од претседателот на Кривичен, Иван Џолев.
На денешното рочиште за случајот “ТНТ” не присуствуваа обвинетите Трајковски и Најдовска. Како причина за нивното не доаѓање од страна на одбраната беше истакнато дека не добиле покана да присуствуваат на рочиштето.
Адвокатот Јовица Страшевски се појави на рочиштето на ТНТ, но неговиот клиент Тони Трајковски не. Според Страшевски, сопругата на Трајковски го известила дека Кривичен суд не испратил покана до Трајковски да присуствува на судењето.
Ниту Елизабета Најдовска не се појави на суд, како што информираше нејзиниот адвокат Мерхан Даути, обвинетите не добиле покана за рочиштето.
Адвокатот Јовица Страшевски се појави пред Кривичниот суд, иако претходно го извести Кривичниот суд дека е на годишен одмор. Со оглед на тоа што Кривичниот суд од оваа причина назначи адвокат по службена должност за обвинетиот во ТНТ, Тони Трајковски.