Претседателот на ДПА, Мендух Тачи тврди дека првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Демократската партија на Албанија му испратил посредник за коалиција.
-Лидерот на ВМРО ми испрати важен посредник од надвор од Македонија да почнеме контакти и разговори, Демократската партија на Албанија. Од Конгресот на европски народните партии што се одржа во Загреб, има околу два месеци-рече Тачи.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, неколкупати ги собра веѓите кога му го поставивме прашањето за тврдењата на Тачи.
Ниту од Демократската партија во Албанија, не потврдуваат вакво нешто.
-Ставот на Демократската партија на Албанија е оваа партија да не се вклучува во изборните процеси на другите земји. Ова е начелно за нас-вели Арбен Кашаху од ДП на Албанија.
ТВ21 контактираше и со секретарот на Демократската партија во Албанија, Арбен Ристани, кој писмено ни одговори дека не знае ништо во врска со она што го изјавил Тачи.