Македонија

„Осломеј“ предизвика тензии меѓу ДУИ, кој е надлежен за оваа термоелектрана?

„Амандмани за тоа прашање не можат да се достават и за разни предлог-закони. Ова е недостаток на знаење и истовремено директно манипулирање со јавноста. АД „Електрани на Македонија“ не е во рамките на Буџетот на РСМ“.

Ова беше одговорот на министерот за економија, Крешник Бектеши на прашањето за загадувањето на ТЕЦ Осломеј во Кичево. Бектеши рече дека акционерските друштва не се дел од државниот буџет, оградувајќи се од одговорност за Термоелектраната Осломеј.

Како што изгледа, оваа изјава го налути Фатмир Лимани, заменик-директор на  Електрани на Северна Македонија, која управува во ТЕЦ Осломеј. Тој веднаш реагираше со статус на Фејсбук, преку кој го демантираше министерот Бектеши.

-Владата не е надлежна за ТЕЦ ОСЛОМЕЈ!!!!
Ќе видиме следните денови…особено овојпат ќе видиме и длабоко ќе почувствувате кој е надлежен…Основачот на Претпријатието „Електрани“ во оваа земја е Владата. Владата управува со Буџетот на Корпорацијата ЕСМ (ЕЛЕМ). Нема кај да се бега од одговорност.. но нема да дозволиме некој да „фрли камен, па да сокрие рака“. Со барање на Владата, ЕСМ(ЕЛЕМ) издвои средства во вредност од 10 милиони евра за инвертер, потоа општините, Кичево, Битола и др. Како тогаш беше надлежна за да бара средства???!!!

За загадувањето на воздухот во општина Кичево, реагираа и албанските партии. Од Алтернатива велат дека кога станува збор за здравјето на граѓаните, политиката не треба да се меша.

-Состојбата со загадувањето на воздухот во општина Кичево, годинава наликува на една катастрофа, која покрај најголемиот загадувач – Термоелектрана „Осломеј“, се соочува и со други загадувачи, со кои пак надлежните воопшто не се занимаваат. Загрижувачки факт е немањето пристап или непрезентирањето на податоци од стана на Термоелектрана „Осломеј“, во однос на количината на чадот што го испушта, составот, канцерогените состојки, како и нејзиното влијание врз здравјето на кичевчани-велат од Атлернатива.

Лидерот на Алијанса за Албанците, кој вчера го посети Кичево, пред жителите рече дека е апсурд тоа што во еден економски капацитет како што е ТЕЦ Осломеј, кој е сместен во регион населен со Албанци и со 2 илјади вработени, да работат помалку од 200 Албанци.

Инаку, Термоелектраната Осломеј, иако се смета за еден од поголемите загадувачи во овој дел, сѐ уште нема поставено филтри. Екологистите и експертите велат дека „Осломеј“ загадува поради дотраените и старите филтри, неквалитетниот јаглен и отровот кој го испушта кој содржи CO2, CO, OS, ON и други тешки метали кои се впиваат во почвата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни