Македонија

Мендух Тачи со тешко обвинување во врска со финансирањето на Алтернатива

Лидерот Мендух Тачи во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ во директното вклучување во емисијата рече дека има сериозни докази за финансирањето на политичката партија Алтернатива.

„Имам сериозни докази дека политичката партија Алтернатива се финансира од Техеран, Иран. Треба институциите да реагираат. Јас немам сила да направам ништо повеќе. Толку е мојата политичка моќ. Јас имам симболична улога во Владата, затоа ги повикувам институциите да реагираат веднаш“, рече Тачи во „Click Plus“ на ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни