Македонија

Груевски: Имав доверба во комисијата за лустрација, никогаш не сум побарал такво неетичко и незаконско дејствие

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот Фејсбук профил истакнува дека никогаш од ниту еден член на комисијата за лустрација не побарал конкретно лице да биде или да не биде лустрирано.

„Да се нарача за човек што е невин да се лустрира и прогласи за кодош е еднаков голем злостор со злосторот кој го правеле самите кодоши и соработници на службите за време на комунистичкиот режим и такво нешто е не можам ни да помислам“, додава тој.

Груевски посочува дека имал доверба во комисијата и никогаш не побарал од истата такви неетички и незаконски дејствија за никого, независно дали бил негов политички поддржувач или политички противник.

Во продолжение целосниот статус на Никола Груевски:

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни