Македонија

Илјадници амандмани за Изборниот законик се уште не се преведени

Илјадници амандмани за Изборниот законик се уште не се преведени и затоа измената на Изборниот законик иако беше најавена за 14 јануари, се уште не е ставена на дневен ред на собраниска седница.

Меѓу илјадниците амандмани доставени од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, има уште еден  доставен од пратеникот Ејуп Алими кој вели дека Предлог законот за изборни единици треба да важи по 2080.

За тоа беше побарана изјава од Алими од медиумите во Собрание, но тој не сакаше да даде изјава. За предлагачите, помалите партии кои имаат поддршка од СДСМ не само овој амандман туку и другите кои се доставени против една изборна единица, се несериозни.

Инаку ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се за досегашниот изборен модел со 6 изборни единици, а СДСМ и другите мали партии вклучувајќи ја и албанската опозиција се за една изборна единица, бидејќи, како што изјавија во неколку наврати, тоа ќе им обезбеди повеќе пратенички места во Собрание.

За измените на Изборниот законик се предложени два закона, едниот за измена на Изборниот законик од 6 во една изборна единица и другиот за еднаква родова застапеност меѓу пратениците.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни