Македонија

Возете внимателно, магла на патните правци Тетово – Скопје и Велес – Катланово

Намалена видливост на неколку патни правци во државава. Затоа од АМСМ предупредуваат на внимателно возење.

„Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на патниот правец Тетово – Скопје, од 50 – 100м. на патниот правец Велес – Катланово, од 20 – 25м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 80м. на патниот правец Св. Николе – Куманово и  од 100 – 150м. на патните правци кои гравитираат околу Кичево, Ресен и Прилеп.“, велат од АМСМ.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни