4NEWS.mk

Американските авиокомпании бараат помош од 50 милијарди долари

Американските авиокомпании, кои се погодени од пандемијата со новиот коронавирус, побараа од Владата помош во висина од 50 милијарди долари, што би вклучувал заеми, даночни и други олеснувања.

– На американските авиопревозници потребна им е итна помош бидејќи сегашната состојба не е одржлива, а не се гледа крајот на кризата, порача Здружението на американските авиокомпании „Ерлајнс фор Америка“ (Airlines for America).

Американската централна банка ФеД во неделата презеде итна мерка и ја намали основната каматна стапка речиси на нула со цел да се помогне економијата за време на пандемијата со новиот коронавирус. Претходно, американскиот министер за финансии Стивен Мнучин најави помош за малите и средните компании кои се најчувствителни на силното забавување на економијата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни