Македонија

„Македонија ги има преземено вистинските чекори во справување со коронавирусот, исто како и европските држави“, вели Ќучук

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент г-дин Илхан Ќучук во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Македонија ги има преземено вистинските чекори во справување со коронавирусот, исто како и европските држави.

„Во однос на преземените мерки, мислам дека се преземени вистинските мерки. И тука ќе потенцирам два моменти, никогаш не беше достигнат пикот, односно максималната граница и уште една работа која е важна во управувањето со кризата, тоа што не беше оптеретен здравствениот систем. Тоа се многу важни работи. Во однос на економската криза, мислам дека се направени вистински работи кои ги презедоа и другите европски држави“, посочи Ќучук..

.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни