„Рекет“ е пред самиот крај, но останаа голем број на прашања сè уште не одговорени. Обвинителството е сигурно дека докажало за стореното кривично дело.
„Обвинетата Јанева сѐ уште е во филмот на Чарлиевите Ангели. Но вистинскиот филм е борбата на доброто против злото“, вели Русковска.
За време на завршните зборови, обвинителката Вилма Руковска презентираше и нова снимка на која се гледа дека торбата Луи Витон не е вратена кај Камчев, туку се работи за сосема друга торба. Со ова сакаат да докажат дека торбата со милион евра завршила кај Јовановски за што беше презентирана и фотографија со локација кај домот на Боки 13.
„Не може да негира нешто што е извештачено. До таа фотографија имаше од вештачењето точна локација каде е направена фотографијата и вие видовте.“, рече Русковска.
На ова реагираше одбраната која што истакна дека сега не смеат да се приложуваат докази, туку тоа требало да биде ставено во доказна постапка.
Дуковски како и претходно, тврди дека не е извршено вештачење на кое се темели обвинителниот акт кој го застапува обвинителката Вилма Русковска.
„Ја слушнавте терминологијата во давањето на завршен збор. На почетокот на завршниот збор се користеше терминот ‘известие’ и ‘анализа’ на мобилниот телефон, за потоа да продолжи во ‘вештачење’, ‘вештачење’, ‘вештачење’, на мобилниот телефон и тоа ако го има исказот на сведокот форензичар кој беше сведок на обвинителствотокажа дека не е лиценциран и дека нема извршено вештачење.“, рече Дуковски.
„Апсолутно не браниме ништо што не е одбранливо. Катица Јанева веруваме дека нема ниту еден доказ со кој се потврдува било што од обвинителниот акт.“, изјави Кадиев, адвокат на Катица Јанева.
Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната на Боки 13.
.