Александар Тортевски ја коментираше одлуката на Јавното обвинителство за кривичната пријава која била поднесена против Реисот Сулејман Реџепи за заканите дека ако не му дадат пари, ова ќе биде Авганистан.
Тој ја оцени одлуката на ЈО како смешна, а го спомена и вицепремиерот Бујар Османи.
„Да видите само каква одлука Јавното обвинителство донесе. Таму го цитираат Бујар Османи кој го оправдува Реисот дека бил погрешно разбран. И сега излегува дека Бујар Османи е некој врховен арбитар во државава“, вели Тортевски.
.