Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.
Прелетувањето е во чест на нашето членство во НАТО.
Авионите летаа долж реката Вардар, а дојдоа од правец на скопскиот аеродром.
Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.
Како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.
.