Македонија

Руски „Сухои“ над Црно Море ги пресретнале американските бомбардери Б1 кои денеска го прелетаа Скопје (ВИДЕО)

Американските бомбардери Б1 кои денеска го прелетаа Скопје во чест на членството на земјата во НАТО, биле пресретнати и провоцирани од два руски борбени авиони „Сухои“. Ова го објави на „Твитер“ Руската амбасата во Македонија.

„Два американски ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база во Елсворт, Јужна Дакота, упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денеска се пресретнати од два руски борбени авиона ‘Сухој’. #СтопНАТО“, твитна Амбасадата на Русија во Македонија

Американски и грчки авиони денеска прелетаа над Скопје како порака за добродојде на Македонија во друштвото на земји членки на НАТО.

.



Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни