Македонија

Додека копал за гробно место во с. Мирковци, нашол граната

На 29.05.2020 во 09.40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис Бутел пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во с.Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см. Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни