Македонија

Земјотрес во Албанија го стресе и југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Корча, кој се наоѓа непосредно до границата со Македонија.

Епицентарот бил на 7 километри северозападно од Корча во 17:35 часот по македонско време.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридскиот, преспанскиот и пелагонискиот крај.

Инаку овој земјотрес е четврти во последните 24 часа во тоа подрачје, но овој последниот беше најсилен од сите досегашни.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни