Македонија

МВР ќе асистира на министерството за здравство за земање епидемиолошки анкети од семејството кое одбивало да соработува со епидемиолозите

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот КОВИД-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.

За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни