Македонија

Колку средства отишле во компаниите? Ангеловска задоволна од резултатите, СКСЗМ не

Првиот и вториот пакет за поддршка на компаниите дадоа резултат, оценува министерката за финансии Нина Ангеловска, додавајќи дека само во месец мај се издвоени 30 милиони евра за субвенционирање на платите од 14.500 денари што според неа помогнало над 130 илјади работници да добијат плата. Но колку од над 500 милиони евра предвидени со 3-те економски пакета до сега завршиле кај претприемачите?

Извршниот директор  на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Дриљон Исени пред неколку дена за ТВ21 рече дека двата пакета економски мерки се донесени за поддршка на бизнисот, а смета дека вредноста на инјектираните средства останува многу мала.

Во последната анкета што СКСЗМ ја реализираше во микро компаниите, резултатот е дека 100% од анкетираните не ги искористиле бескаматните кредити што ги дава Македонска Банка за обнова и развој. Комората ја покрена во владата загриженоста на бизнисите дека Македонска Банка за обнова и развој не одговара на нивните барања, а  како образложение добиле одговор дека овој кредит функционира според начелото “прв дојден, прв услужен“. Инаку министерката Ангеловска денеска кажа дека 30 милиони евра се исплатени за оваа мерка.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни