Македонија

Марјан Забрчанец во изолација, бил на состанок со Зекири

Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец е во изолација, откако пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири објави дека е позитивен на коронавирусот.

Забрчанец имал состанок со Зекири во четврток, и како што вели тој самиот, бил на растојание од 1,5 метри, и носел заштитна маска.

Но за секој случај ќе остане во изолација, а во следната недела ќе направи и тест. Истакна дека нема никакви симптоми.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни