Македонија

Коронавирусот не познава етничка припадност – директорот на „Водовод“ ја објаснува изјавата објавена на порталите

„Лицето кое е заразено со ковид 19, Албанец, чувар во нашето претпријатие е од Сарај, бил на ифтарска вечера, па претпоставуваме дека и така се заразил.“

Оваа изјава каде се цитира директорот на претпријатието Водовод и канализација, а каде се истакнува етничката припадност, ги навреди роднините на работникот заразен со Кобид-19.

„За нас како семсјтво е навредливо работниците да се оценуваат според етничка основа, мислам дека не е во ред. Не знам, можеби е избрзана изјава, а можени и намерна, не можам да имам предрасуди.“, вели Евзал Адеми, син на заразениот работник.

Директорот на “Водовод и канализација“, Душко Весковски вели дека изјавата ја направил самиот новинар на порталот. Признава дека кажал од која етничка припадност е работникот заразен со Ковид-19, но тоа го направил на прашање на новинарот

Но, во изјавата се спомнува и дека заразениот работник одел на заеднички ифтари, нешто што го негира неговиот син.

„Не, не сме биле на ифтар и имавме полициски час, што значи во 19:40 беше ифтар и не сме можеле да одиме никаде во полициски час кој почнуваше во 19 часот. Ако тој има некаков сомнеж дека татко ми бил на ифтар нека каже.“, рече Адеми.

Весковски вели дека информацијата ја добил од епидемиолозите.

Во прирачниците за новинарство се вели дека новинарите треба да бидат внимателни во кои случаи спомнуваат етничка припадност, раса или верска припадност, со цел да не се засилуваат стереотипите или негативните предрасуди.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни