Вицепремиерот за европски прашања и шеф на владиниот кризен штаб Бујар Османи, најавува дека бројката на заразени од Ковид-19 денеска е уште позагрижувачки од оној од вчера кога имаше 62 случаи.
„Можноста да бидете во контакт со некој позитивен од коронавирусот во последните денови е голема. Затоа почитувајте ги мерките, и немојте да верувате на теории на заговор. Запомнете, маската заштитува 79% од трансмисијата. Немој да бидеш причина за смртта на најблиските“, напиша Бујар Османи на својот профил на „Фејсбук“.
.