На новинарско прашање околу негово мислење за ширењето на коронавирусот во последните неколку денови, Зоран Заев истакна дека тоа е поради непочитувањето на мерките на граѓаните, и поради собирите за празниците Велигден и Фитр Бајрам.
„Кога се почитуваа мерките имавме помал број на заразени. Сите овие бројки поради непочитување на мерките и собирите. Собирите како литијата во Струга и вечерите по повод празникот Фитр Бајрам“, рече Заев.
.