Македонија

„За да стигнме до онлајн гласање мораме да ја отвориме темата за дигитализација и да ја покажеме позитивната страна“, вели Кордалов

Специјалистот по односи со јавноста Бојан Кордалов во „10 минути“ на ТВ21 истакна дека за да стигнеме до онлајн гласање мораме да ја отвориме темата за дигитализација и да ја покажеме позитивната страна на истата.

„За да стигнеме до онлајн гласање ние мораме да ја отвориме темата за дигитализација, мораме прво да ја покажеме позитивната страна на дигитализацијата. Имате дел од луѓето кои се плашат од тоа и сметаат дека тоа е конспирациска теорија, значи за да ние стигнеме до доверба на процес на гласање онлајн прво мора како држава да направме национална, надпартиска платформа која ќе ја имплементира дигитализацијата“, истакна Кордалов.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни